Научниот одбор на Конгресот ќе ги прифати научните и стручни трудови испратени до 15 април 2007 година. По овој рок, апстрактите нема да влезат во Зборникот на апстракти од Конгресот.
Сите прифатени апстракти ќе бидат отпечатени во Зборникот на трудови од Конгресот.
Сите апстракти кои ќе бидат прифатени, ќе се презентираат како постер, а дискусијата по постерите е предвидена да се води во попладневните сесии, заради што е обврзно сите учесници да имаат доволен број примероци од трудот in extenso форма, за заинтересираните дискутанти по темата.
Паното за постер-презентацијата е во рамките на 110 х 100 cm.
ПО БАРАЊЕ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА АКАДЕМИЈАТА ВОВЕДЕНИ СЕ ОРАЛНИ ПРЕЗЕНТАЦИ
Што треба да содржи апстрактот?
Апстрактите треба да содржат: наслов
автори
институција
цели
материјали
методи
резултати
заклучок и
клучни зборови
Апстрактот не треба да содржи повеќе од 300 зборови (околу 2000 карактери).
Грчките ознаки во текстот потребно е да се напишани со фонтот Arial.
Текстот на трудовите – апстрактите да не биде скениран.
Апстрактот не смее да содржи табели или слики. Треба да содржи исклучиво само текст.
Авторот кој го презентира трудот треба да биде одбележан со ѕвезда. (*) Не употребувајте титули.
По доставувањето на апстрактот, ќе добиете потврда за прифаќање на Вашиот труд.
Пријава на апстрактите се врши директно преку официјалната интернет страна.