5-ти Конгрес на BAFS - 03 Јуни 2007 Македонски    
English    
  Организација
    Добредојдовте
    Одбори
  Информации
    Програма
    Информации
    Сместување
    Апстракт инфо
  Пријавување
    Регистрација
    Апстракт
  Контакт
    Контакт инфо
  Ваши податоци

 

English


















Организација > Добредојдовте
Добредојдовте 000 денови 00:00:00

Почитувани колеги,

Ми преставува особена чест и задоволство да Ве поканам на V-от Конгрес на Балканската Академија за Форензични науки, кој ќе се одржи од 03-07 јуни 2007 година во Охрид.
На Конгресот ќе бидат присутни познати експерти од областа на форенчичната наука од Балканот, Европската унија и САД. Со цел да ги прошириме нашите хоризонти, да ги изнесеме нашите искуства и да размениме информации и идеи, низ пријателско дружење, Ве повикувам да присуствувате на овој значаен Конгрес.
Организацијата на Конгресот во Охрид, културната ризница на Балканот и центарот на сесловенската писменост, на овој собир му дава исклучителен шарм и посебно доживување. Во Охрид, градот кој живее 2400 години, во кој за првпат е институционализирана научната мисла во Европа, преку формирањето на Охридскиот универзитет од страна на Св. Климент Охридски во IX век, ќе имате можност да ги посетите многуте цркви чии икони се создавани од IX до XIX век, Самоиловата тврдина, Плаошник, националниот парк Галичица и пред с#, да уживате во убавините покрај Охридското Езеро, најбистрото езеро познато по прастариот и ендемски растителен и животински свет. Во Охрид ќе можете да го почувствувате вкусот на специјалитетите на прекрасната македонска кујна и традиционалните македонски вина.
Со нетрпение очекувам да се видиме во Охрид, со надеж дека ќе успееме да организираме успешна научна средба и незаборавно доживување.

Председател на Конгресот,
Проф д-р Алексеј Дума