-
Конгресот е акредитиран од Лекарската комора на Македонија
-
Официјални јазици за време на Конгресот се македонскиот и англискиот. За време на конгресните сесии ќе се врши симултано преведување.
-
Организирани се паузи за кафе и чај во периодите меѓу сесиите.
-
Конгресните материјали можат да се подигнат на регистрациониот пулт кој ќе биде лоциран на рецепцијата, на влезот од хотелот. За придружните членови не се предвидени конгресни материјали.
-
За присуство на конгресните сесии, на комерцијалните изложби и на постер сесиите, како и за официјалното отворање на Конгресот, е потребен конгресен беџ.
-
Краен рок за прием на апстракти е 15 април 2007 година.
-
Свеченото отворање на Конгресот е планирано за Недела, 3 Јуни 2007 година, во 19 часот.
|
Регистрацијата е електронска, преку официјалната интернет страна на конгресот. Регистрацијата е завршена кога по испратената комплетна апликација, ќе биде извршено плаќањето на котизацијата.
За регистрација кликни ТУКА
Сите учесници (доктори, специјализанти, студенти и придружни лица) треба да ја пополнат официјалната апликација/регистрационен лист на Конгресот.
Ве молиме користете апликација за секој учесник посебно. Ќе бидат прифатени само апликациите кои се комплетно пополнети.
 |
| |
Денари |
Евра |
| Учесници кои престојуваат во хотелот “Десарет”, местото на одржување на Конгресот |
3100 |
50 |
| Учесници кои не престојуваат во хотелот “Десарет” |
6200 |
100 |
| Придружници кои престојуваат во хотелот “Десарет” |
1240 |
20 |
| Придружници кои не престојуваат во хотелот “Десарет” |
3100 |
50 |
 |
Доколку уплатата се изврши по 1 Мај, наведените цени за котизацијата се зголемуваат за 20 %, што го вклучува и плаќањето на самото место.
Котизацијата ги вклучува сите конгресни материјали (книгата на апстракти, програма, пригоден прибор за бележење и сертификат за учество). Во котизацијата е вклучена посета на историските локации во Охрид.
За придружните лица, котизацијата вклучува посета на комерцијалниот дел од Конгресот и историските локации во Охрид. Тие не добиваат конгресни материјали.
Ве молиме плаќањето да го извршите на следнава сметка
За македонски државјани:
Авио-турс
Денарска сметка: 210 046956150111
Тутунска банка АД – Скопје
За странци:
AVIO-TOURS
Account: 210 3000002584 67
IBAN: MK07 210 3000002584 67
Tutunska banka A.D. Skopje
На лицата на кои им е потребна официјална покана за присуство на Конгресот, треба да контактираат со Организациониот одбор на емаил: bafs5@mail.net.mk Поканата финансиски не ги обврзува организаторите на конгресот. Сите трошоци поврзани со Конгресот се обврска на самиот учесник.
По добивањето на формуларот за пријава на Конгресот, ќе бидете известени од Oрганизациониот одбор дека е прифатена Вашата пријава за Конгресот. Регистрацијата е завршена кога ќе биде испратена пријава и потврда за платена котизација.
| Откажување на регистрација |
Доколку сте спречени да присуствувате, Ве молиме навремено да го известите Организациониот одбор, најдоцна седум дена пред започнување на Конгресот. Парите уплатени за котизација се неповратни.
|