|

Апликативната дејсност се врши за потребите на правосудните органи и безбедносниот систем на државата. Во Институтот за судска медицина и криминалистика се изведуваат судско-медицински обдукции по барање на истражните органи, прегледи и вештачења кај сексуални деликти, потоа вештачења за потребите на судот како што се квалификација на телесни повреди, патернитет, вештачење на биолошки трагиц, вештачење на нематеријална штета, експертиза на вештачења од форензична токсикологија и вештачења на татковство.
|