|

Катедрата за судска медицина е формирана во 1952 година под раководство на проф. д-р Вељко Бујан, избран како вонреден профессор на Медицинскиот факултет во Скопје. Во почетокот, во Институтот за судска медицина работеле тројца апсолвенти на Медицинскиот факултет: Наум Гутевски, Ванчо Димчевски и Ѓорѓи Цветковски, а следната година како демонстратори вработени се Боро Настев и Борислав Анастасов.
Во 1958 година д-р Александар Пандиловски е избран за асистент, а во 1960 година и д-р Наум Гутевски, д-р Благоја Крстевски и Куновски. Од 1963 година вработени се и избрани за асистенти д-р Борислав Анастасов, д-р Даница Милчин и д-р Живота Станковиќ. Во 1975 година на други работни места се префрлени д-р Благоја Крстевски и д-р Живота Станковиќ. Во пензија се заминати д-р Александар Пандиловски, д-р Борислав Анастасов, д-р Даница Милчин и проф. д-р Наум Гутевски.
По 1975 година за асистенти на Катедрата по судска медицина избрани се д-р Алексеј Дума, д-р Карпош Бошковски, д-р Здравко Чакар и д-р Биљана Јанеска, денес професори на катедрата. По 1980 година избрани се следните асистенти: д-р Александра Гутевска, д-р Миле Белокапоски, д-р Верица Поповска, д-р Златко Јаќовски, д-р Александар Станков, д-р Наташа Давчева и д-р Горан Павловски.
Од формирањето, 1953 година до 1972 година шеф на Катедрата бил проф. Вељко Бујан, од 1972 до 1988 година проф. д-р Наум Гутевски, од 1988 до 2006 година проф. д-р Алексеј Дума, а од 2006 година шеф на катедрата е проф. д-р Биљана Јанеска.
Во 1993 година од Катедрата за судска медицина произлезе и Катедрата за медицинска етика со шеф на катедрата проф. д-р Карпош Бошковски. По неговата смрт во 2007 година за шеф на катедрата за медицинска етика е избран проф. д-р Здравко Чакар.
|